Затворени сите училишта во холандскиот град Лајден заради закана од пукање

Од:

Денеска се затворени сите училишта во холандскиот град Лајден. До училишните згради дежураат вооружени полицајци, соопшти Би-Би-Си.

Локалните власти наредија мерки за претпазливост откако непознати лица на Интернет се заканија со масовно пукање во едно од градските средни училишта.

Корисник на форумот на англиски јазик 4Chan синоќа предупреди дека „ќе пука кон својот наставник по англиски јазик и колку што е можно повеќе соученици“.

Тој, меѓутоа, не прецизирал каде учи и затоа денеска е откажана наставата во сите училишта.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

На изборите во Холандија најмногу гласови освои опозициската десничарска Партија на слободата

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ