Зариф во Париз на средба со Макрон за иранскиот нуклеарен договор

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф синоќа пристигна во Париз, каде ќе одржи средба со францускиот претседател Емануел Макрон за нуклеарниот договор од 2015 година.

За време на посетата на Париз, планирано е Зариф да се сретне и со својот француски колега Жан-Ив ле Дријан.

Зариф претходно соопшти дека ќе ја посети Франција во име на претседателот Хасан Рохани со цел да разговара со Макрон за зачувување на Заедничкиот сеопфатен план на акција, како што официјално се нарекува нуклеарниот договор на Иран.

Договорот за нуклеарна програма со Иран и групата земји 5+1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија), беше потпишан во 2015 година во Виена. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од Договорот и дополнително го зголеми притисокот за повторно воспоставување санкции за извоз на иранска нафта.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Франција абортусот го прогласи за уставно право