Зариф: Трамп игра многу опасна игра

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп игра „многу опасна игра“ со воените закани и економските санкции и порача оти ќе има болни последици за секој ако дојде до ескалација.

Шефот на иранската дипломатија во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Техеран одбива да разговара со САД, додека не добие „почитување од Белата куќа“.

– САД играат многу, многу опасна игра, истакна Зариф, наведувајќи дека тоа ќе бидат „болни последици за секој ако дојде до ескалација против Иран“. – САД влегоа во економската војна против Иран. Тоа мора да престане, нагласи Зариф.

Според него, Иран нема да биде страната, која ќе започне конфликт, но дека ќе се брани.

– Потребна е извонредна разумност сега кога имате луѓе кои се заинтересирани „за несреќа”, заклучи Зариф.

Трамп пред една година ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор меѓу Иран и големите светски сили, според кој Техеран се обврза да ја намали програмата за збогатување ураниум, додека, пак, од друга страна, на земјата и беа ублажени санкциите.

Трамп, меѓуто по повлекувањето на САД од договорот, повторно воведе санкциите кон Иран и ги заостри овој месец, но, исто така, се закани со санкции за сите земји ако не престанат да увезуваат иранска нафта.

Иран претходно месецов објави дека би можел да ја обнови програмата за збогатување на ураниум над дозволеното ниво од договорот, доколку европските земји не најдат начини за намалување на финансискиот притисок во следните два месеца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски