Зариф: Предлозите на Трамп за Блискиот Исток се кошмар за мирот и регионот

Од:

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен план за надминување на израелско-палестинскиот конфликт е „кошмар за мирот и регионот”, напиша на Твитер шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, пренесе Тасс.

Зариф изрази надеж дека американската иницијатива ќе прозвучи како сигнал за аларм за сите муслимани и ќе ги натера да се обединат.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави изјави дека Иран е подготвен да се спротивстави на планот на Трамп, што го нарече „заговор”, што и се заканува на целата муслиманска заедница.

-Од иранска гледна точка проблемот со Палестина е најважниот за исламскиот свет, рече Мусави.

Против планот на Трамп се изјасни и либански Хезболах, групата која е поддржана од Иран, пренесоа британските медиуми. Таа соопшти дека предлогот на американскиот претседател ги нарушава правата на Палестинците, односно им го одзема правото да се вратат на својата земја и обвини некои арапски држави дека се соучесници во овој „срамен договор“, што му штети на регионот.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност