Зариф ја повика САД да ги ослободи иранските истражувачи

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф ја повика САД да ги ослободи иранските истражувачи, приведени од американската влада.

„САД зедоа за заложници неколку ирански научници без да ги обвинат или станува збор за лажни обвиненија. Тие исто така не беа ослободени кога нивните (американски) судови ги отфрлија апсурдните обвиненија“, напиша Зариф на Твитер.

„САД дури и одбиваат да спроведат медицински тестови среде епидемија на коронавирус на невините мажи, затворени во ужасни објекти“, додаде Зариф, велејќи: „Ослободете ги нашите луѓе“.

Тој на Твитер сподели и линк до напис во „Гардијан“ за иранскиот научник д-р Сирус Асгари, кој сè уште е во притвор во САД иако е ослободен од обвиненија.

Британските весник посочува дека истражувачот би можел да го добие коронарнавирус затоа што затворот во американската сојузна држава Луизијана, каде се наоѓа тој, не презел соодветни мерки за спречување на ширењето на болеста.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел