Зариф до Трамп: Нашиот одговор ќе биде непредвидлив

Од:

Поради непредвидливата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, официјален Техеран може да одговори „непредвидливо“, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.

– Меѓусебната непредвидливост ќе доведе до хаос. Претседателот Трамп не може да очекува да биде непредвидлив, а другите да бидат предвидливи, изјави Зариф во Стокхолм.

Во меѓувреме, заменик постојаниот руски претставник во Обединетите нации, Дмитри Пољански, побара да прекине американската политика на санкции кон Иран, додавајќи дека не е можно од Техеран да се бараат преговори додека истовремено му се воведуваат санкции.

Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на меѓународниот мир и безбедност, Пољански кажа дека неодамнешните тензии во Персискиот Залив се измислени и од сите страни побара воздржаност.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски