Запрена потрагата по преживеани во урнатата зграда во Лагос

Од:

Спасувачките служби во Лагос ја запреа потрагата по преживеани во зградата која се урна вчера, при што загинаа најмалку девет лица.

Претставник на Националната агенција за управување во вонредни ситуации Ибрахим Фаринлој изјави дека спасувачите дошле до темелите на трикатната зграда и оти не очекуваат да пронајдат нови тела. Тој одби да шпекулира за точниот број на загинати и повредени лица.

Локалните власти синоќа соопштија дека во операцијата се спасени 37 деца, додека осум лица починале, но разно изутрина беше пронајдено уште едно тело.

Вчера изутрина, во нигерискиот град Лагос се урна трикатна зграда, каде приземјето се користело за деловен простор, на вториот и третиот кат имало станови за домување, додека на на третиот биле лоцирани приватна градинка и основно училиште. Во моментот на несреќата, според локалните медиуми, во зградата имало околу 100 деца, но таа бројка не е потврдена.

Засега се непознати причините за уривањето на зградата, но нејзин станар тврди дека таа двапати била одбележана од властите за уривање.

Би можело да ве интересира

Нов биланс: 20 загинати при уривањето на зградата во Нигерија

А1он

Се урна небодер во Лагос, најмалку шест загинати

Засега три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, во која имало околу 40 работници

А1он

Во Лагос се урна зграда од 21 кат

А1он

Силен земјотрес од 6,1 на границата на Тајланд и Лагос

Ана Ололовска