Започнаа официјалните церемонии по повод 70-годишнината од десантот во Нормандија

Од:

Свеченостите по повод одбележувањето на 70-годишнината од десантот во Нормандија започнаа изутринава на плажата Омаха бич, каде што започна операцијата на сојузничките сили против нацистичка Германија, во присуство на ветераните, при што беше откриена статуа на нивните „браќа по оружје“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Шести јуни за мене како нормандиец е ден на ослободување и на мир, изјави министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиус за француското радио РТЛ, според кој од денешната прослава на 70-годишнината од десантот во Нормандија како поука може да се извлече дека „Франција е врската меѓу нациите“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа имаше одвоени работни вечери со неговиот американски колега Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин.

– Главна тема беше Украина, а дискусиите беа „отворени“, тврди Фабиус, кој утре ќе замине на инаугурацијата на новиот украински претседател Петро Порошенко, кој денеска присуствува на свеченостите во Нормандија.

– Потребно е да се обединиме. Има потреба да се собереме околу она што беше направено пред седумдесет години, оцени од своја страна Мануел Валс, кој објасни дека церемониите од одбележувањето на 70-годишнината од десантот за него ја евоцираат слободата за Европа и Франција и изрази благодарност и признавање на сите оние кои се бореа за таа слобода.

normandy-DD

Околу 400 ветерани од Комонвелтот во униформа учествуваа на свеченоста во присуство на принцот Чарлс и на премиерот Дејвид Камерун.

Паралелно во Кан (Нормандија) францускиот претседател Франсоа Оланд во Меморијалниот центар им оддаде почит на 20.000 цивилни жртви на Битката за Нормандија. Пред да го започне својот говор, францускиот претседател положи венец и размени неколку зборови со цивилите сведоци на десантот и борбите кои следеа, притоа тој го инаугурура делот на музејот кој е посветен на страдањата и жртвите на населението на Нормандија. Во својот говор Оланд потсети на страдањата на цивилното население. Притоа тој го поврза со страдањата на кое е изложено и денешното цивилното население во сите војни, како тие што се водат во моментов на границите на Европа.

Американскиот претседател Барак Обама околу 10 часот пристигна на американските воени гробишта во Колвил, каде со двасетина минути задоцнување пристигна и Франсоа Оланд, каде што се одржа комеморација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм