Започна средбата меѓу Путин и Меркел во Кремљ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска пристигна во посета на Москва, ги започнаа разговорите во Кремљ.

Путин и заблагодари на Меркел за посетата, која според него, овозможува да бидат разгледани некои од „најострите“ прашања.

– Ние со Вас сме во постојан контакт, се занимаваме и со внатрешни проблеми (економски и политички) и со меѓународни. Сакам да Ви заблагодарам што ја прифативте нашата покана и пристигнавте да разговараме на сите тие прашања. Меѓу нив има и горливи, на кои ќе се осврнеме со посебно внимание, истакна рускиот лидер.

Меркел од своја страна, исто така, му се заблагодари на својот домаќин за поканата.

– Имаме цел список од различни теми, за кои би сакала да разговарам со Вас. Тоа се билатерални теми, и теми од меѓународниот дневен ред кои се од интерес за нашите две држави, изјави германската канцеларка, посочувајќи две од нив – ситуацијата во Либија и во Сирија.

Таа додаде дека „секогаш сметала оти е подобро да зборуваат еден со друг, отколку еден за друг“.

Во делегацијата на Меркел се наоѓа и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад