Започна ексхумацијата на телото на Јасер Арафат

Од:

Изутринава, во Рамала почна отварањето на мазолејот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат

Телото на Арафат се ексхумира поради новата истрага, со цел да се откријат причините за неговата смрт. Работите на ексхумацијата ќе траат најмалку 15 дена.

За повеќемина смртта на Арафат, кој почина во француска болница во ноември 2004 година ќе остане загонетка, иако официјално беше соопштено дека тој починал од мозочен удар. Тоа доведе до појава на конспиративни теории, дека бил болен од рак, од сида или дека бил отруен.

Новата истрага е отворена, откако швајцарската лабораторија откри траги од смртоносен радиактивен изотоп на облеката, за која се тврди дека е на Арафат. Тоа ги поттикна сомневањата дека палестинскиот лидер бил отруен.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он