Заменик министерот за здравство на Авганистан преживеа атентат

Од:

Атентат е извршен врз авганистанскиот заменик министер за здравство, Вахид Маџро, кој не е повреден, објави лондонски Гардијан.

Маџро тргнал во посета на авганистанска провинција, со цел да се увери дали медицинската помош е достапна до секој кому е потребна, но враќајќи се назад, на влезот во Кабул, еден вооружен напаѓач отворил оган врз неговото возило.

– Јас сум лекар и немам ниту воени, ниту политички цели. Не патувам со обезбедување и не знам кој ме нападна, изјави заменик министерот за здравство по враќањето во Кабул.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Во Еквадор прогласена вонредна состојба: По атентатот мобилизирани вооружените сили!