Заклучоци од трилатералниот самит за Сирија

Од:

Во претседателската палата Чанкаја во Анкара вчера се одржа петтиот трилатерален Самит Турција-Русија-Иран во рамите на мировниот процес за Сирија на кој учествуваа претседателите Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, јави агенцијата Анадолија.

На прес конференцијата одржана по тројниот самит во Анкара меѓу Турција, Русија и Иран, турскиот претседател Ердоган изјави дека е потребно да се вложат поголеми напори за да се запре војната во Сирија, нагласувајќи дека е многу важно Уставниот комитет на Сирија што поскоро да почне со работа.

– Се наоѓаме во период во кој, поради воспоставувањето на мирот во Сирија, мораме да вложиме поголеми напори и да преземеме поголем ризик. На самитот се согласивме дека е потребно да се побара Уставниот комитет на Сирија што поскоро да почне со работа. Според тоа, во Женева наскоро ќе почне со работа Уставниот комитет на Сирија и можам да кажам дека за тоа нема никакви пречки, изјави Ердоган и додаде дека крајна цел е воспоставување мировен коридор на северот од Сирија, за да се спречи поделба на земјата.

Турскиот претседател се осврна и на напорите за враќањето на сириските бегалци во својата земја и истакна дека фокусот треба да биде на безбедно и доброволно враќање на Сиријците во нивната земја.

– Мировниот коридор на источната страна на Еуфрат во исто време ќе претставува и заштитено пристаниште за бегалците. Сметаме дека во тој коридор ќе можат да се сместат најмалку 2 милиони сириски браќа кои побараа засолниште во нашата земја. Можна е изградба на нови населби за Сиријците што ќе се вратат. Во тој поглед, како Турција, подготвени сме да ја преземеме сета одговорност, рече Ердоган.

Тој уште еднаш ги истакна напорите што Турција ги вложува за решавање на прашањето на сириските бегалци и подвлече дека „и со Русија и Иран и со меѓународната заедница сакаме да работиме на доброволно враќање на сириските бегалци“.

Иранскиот претседател Хасан Рохани зборувајќи за позиционирањето на американските сили во Сирија и местата на кои се наоѓаат терористите рече дека „источниот дел на Еуфрат е под контрола на САД и на тие простори има терористи“.

– Во Сирија во целост е формиран Уставен комитет. Се надеваме дека комитетот ќе почне со работа што е можно поскоро и ќе го ревидира Уставот, изјави Рохани во врска со напорите на земјите гаранти за Сирија и изнаоѓањето политичко решение за ситуацијата во земјата.

Осврнувајќи се на значењето на трилатералните состаноци за изнаоѓање решение за Сирија, Путин истакна дека „Турција, Русија и Иран ги удрија темелите за трајно решение во Сирија.“

Тој нагласи дека сè додека Русија, Турција и Иран се гаранти за Процесот во Астана, тоа е механизам кој дава најефикасен придонес за процесот на изнаоѓање решение за Сирија.

Рускиот претседател Путин рече дека со заеднички напори е намалено нивото на насилството во Сирија.

– Со Ердоган и Рохани се договоривме да преземеме чекори за намалување на тензиите во Идлиб. Како резултат на ригорозните активности на нашите дипломати, формиран е списокот (на Уставниот комитет) и спроведени се процедурални студии. Листата е потврдена, информира Путин.

По изјавите на тројцата претседатели на заедничката прес-конференција, објавени беа и заклучоците од самитот, јави Анадолија.

Во заедничката декларација од трилатералниот самит се потенцира суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Сирија и силната посветеност на принципите на ОН.

Од страна на лидерите е отфрлен „секој обид за создавање нова реалност на теренот под маската за борба против тероризмот во североисточниот дел на Сирија“.

Лидерите ја осудија „одлуката за окупација на Голан од страна на САД со која се крши меѓународното право и претставува закана на регионалниот мир и безбедност“.

Тие го потврдија своето уверување дека „со ниту едно воено решение не може да најде решение за конфликтот во Сирија“, истакнувајќи дека решение може да се постигне само со политички процес, предводен од Сиријците како домаќини и поддржан од ОН.

Би можело да ве интересира

Турција ја обновила офанзивата во североисточна Сирија и покрај договорот со САД за прекин на огнот

Ана Ололовска

Експлозии и пукотници по прогласениот прекин на огнот на североистокот од Сирија

Ана Ололовска

Чавушоглу: Привременото запирање на операцијата не е примирје

Ана Ололовска

Гутереш ги поздрави напорите за решавање на ситуацијата во Сирија

Ана Ололовска

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија

Ана Ололовска

За Дамаск договорот за прекин на огнот е неодреден

Ана Ололовска