Закажан голем протест во САД против расната сегрегација

Од:

Во Вашингтон за утре е закажен голем протест против расната сегрегација и неправдата околу полициската бруталност.

Протестот следува по десет денови демонстрации низ земјата како реакција на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, после насилното полициско апсење на 25 мај во Минеаполис.

Во меѓувреме, двајца припадници на Националната гарда синоќа беа повредени од удар на гром во паркот Лафајет, откако Вашингтон и околината ги зафати бура со грмотевици и обилен дожд, јавија некои американски гласила. Паркот се наоѓа во близина на Белата куќа, и едно од местата на протестните активности кои деновиве се одвиваат во градот.

Воената полиција и други безбедносни служби од неколку сојузни агенции се активни деновиве во Вашингтон, а нивното присуство е извор на несогласувања меѓу градските власти и сојузната влада.

-Сакаме војниците да бидат надвор од државата, надвор од Вашингтон, рече синоќа градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Баузер.

Градските власти побараа федералниот одговор на протестите да не се протега подалеку од областа околу Белата куќа и плоштадот Лафајет.

Во Минеаполис пак, синоќа се одржа комеморативен собир посветен на Флојд каде присутните споделија спомени за него како посветен татко и семеен човек. Поменот во Минеаполис, е прв од неколкуте кои ќе следат, еден во Јужна Каролина, каде Флојд е роден, и уште еден во Хјустон каде поминал голем дел од својот живот.

На службата во четвртокот во Минеаполис присуствуваа пасторот Шарптон, активистот за граѓански права Џеси Џексон, сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, неколку членови на Конгресот и познати личности, вклучувајќи ги Лудакрис, Кевин Харт, Тифани Хадиш и Т.И.

Публиката во Северно-централниот универзитет покажа почит кон починатиот со тишина во должина од осум минути и 46 секунди – токму толку време колку што полицаец Дерек Човин го даваше Флојд на вратот со коленото.

-Приказната за Џорџ Флојд е приказна за црните луѓе. Бидејќи уште од пред 401 година, причината зошто никогаш не би можеле да бидеме тоа што сакавме и тоа што сонувавме е затоа што го држиш коленото на нашиот врат, кажа Шарптон.

-Време е да застанеме во име на Џорџ и да речеме: Тргнете го коленото од нашиот врат!

Тој рече дека е време оние во американскиот правосуден систем да престанат да „даваат изговори и празни ветувања“.

Филонис Флојд, еден од браќата на Џорџ Флојд, раскажуваше за игрите во детството и рече дека е зачуден од бројот на луѓе што дојдоа да го споменуваат Џорџ Флојд.

Шарптон најави марш во Вашингтон што ќе се одржи на 28 август, на 57 годишнината од денот на историскиот марш со Мартин Лутер Кинг и неговиот легендарен говор „Имам сон“.

Исто така во четвртокот, членовите на Демократскиот партија во Сенатот одржаа молк од осум минути и 46 секунди во чест на Флојд.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат