Закани за поставени бомби во градинки и училишта во Москва

Од:

Две градинки и 11 училишта во Москва денеска примиле анонимни дојави за бомби, а во исто време биле евакуирани и две илјади лица од зградата на бизнис центарот „Станиславски“ откако анонимно лице телефонски предупредило дека во објектот исто така има бомба.

Зградата, во која, меѓу другите, се и просториите на Радио-7, театарско студио и студија на компанијата „Волт Дизни“, и претходно добивала закани за подметнати бомби, потсетуваат руските медиуми.

Некои објекти веќе се проверени и не е пронајдена никаква опасност од евентуална експлозија.

Изминатите месеци непознати лица преку меил испраќаа закани за поставени експлозивни направи во бизнис центри, продавници и училишта во поширокиот регион на Москва.

Сите закани се проверени и сите до една се покажаа како невистинити.

Би можело да ве интересира

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски