Захарова жестоко ги нападна Европската унија и САД

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека „испораките на оружје на ЕУ за Киев ја направија ЕУ активна страна во конфликтот“. Министерството додаде дека земјите кои испраќаат оружје во Украина се „спонзори на тероризмот“.

На брифингот во Москва, портпаролката Марија Захарова ги повтори критиките на Русија кон Западот за испраќање напредно оружје од повеќе милијарди долари во Украина. Во меѓувреме, членките на Европската унија се договорија за нови мерки против Иран за неговата испорака на беспилотни летала во Русија.

„Вие не сте само соучесници во злосторствата на режимот во Киев, вие сте токму оние за кои редовно зборувате во усвоените декларации и изјави“, рече Захарова. „Вие сте спонзори на терористички активности кои се одвиваат под покровителство на режимот во Киев и директно со учество на НАТО како сојуз и како негови поединечни членки, предводени од САД“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал