Захарова: Без помошта на Западот, режимот на Зеленски немаше да издржи ниту еден ден

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што диктира Западот“ и со тоа „ги продолжува воените операции до последниот Украинец“.

„Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани сè додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден“, рече таа.

Според анкетите на јавното мислење, огромното мнозинство Украинци го поддржуваат начинот на кој Зеленски ја води Украина од почетокот на руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ