Захарова: Ставот на Макрон за НАТО ја одразува вистината

Од:

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на мозочна смрт ја одразува вистината, напиша денеска на „Фејсбук“ портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Колку е тоа точно. Изјавата ја одразува вистината. Тоа е јасна дефиниција на сегашната состојба на НАТО, оцени Захарова.

– Што точно Европа може да стори за контрола на својата судбина? Во 20. век имаше две војни, во 19. век и пред тоа – бесконечен број локални војни, како и активности на ширење идеи со помош на копја и мечеви, оцени портпаролката. Таа дополни дека процесите кои се случиле по потпишувањето на 14 точки од Вудро Вилсон, кои еволуирале за време на Втората светска војна и се развиле во економска и политичка интеграција на Европа, помогнале да се излезе на крај со главните задачи за запирање на бесконечните европски поделби. – Тие, исто така, доведоа и до криза на идентитетот и развојот, заклучи захарова.

Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД , односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он