Захарова: Русија ја смета одлуката на Бугарија да даде воена помош на Украина како непријателски чин

Од:

Русија ја смета одлуката на Бугарија да обезбеди воена помош за Украина како уште еден непријателски чин што ќе доведе до дополнително влошување на билатералните односи. Ова денеска го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Одлуката на Националното собрание на Бугарија да и даде воена и воено-техничка поддршка на Украина ја сметаме за уште еден непријателски чин против нашата земја, што ќе доведе до дополнително влошување на билатералните односи“, рече Захарова на брифинг.

„Убедени сме дека бугарските законодавци се свесни за фактите на илегалната трговија со оружје, вклучително и од странство, на териториите контролирани од Украина и не можат а да не бидат свесни за опасноста тоа да падне во рацете на терористичките групи и бандитски формации во многу жаришта низ светот“, нагласи Захарова.

На 3 ноември бугарскиот Парламент донесе одлука за испорака на оружје за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Францускиот суд одлучи да не го екстрадира украинскиот милијардер во Украина

Захарова: Новинарот собирал строго доверливи информации

Горан Наумовски

„Сите ваши деца ќе умрат“ – Македонска организација испратила закани за бомби во училиште во Бугарија

Орце Костов

Милков: Кога Македонија ќе го смени Уставот, тогаш ќе се отворат преговорите со ЕУ

Орце Костов

ISW: Украинската контраофанзива предизвикува загриженост во рускиот информативен простор

Ковачевски држеше лекции по Устав: Македонците во Бугарија треба индивидуално да си го остварат правото на самоопределување

Орце Костов