Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната централа Запорожје, таа се наоѓа на руска територија

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола.

Нејзината изјава уследи откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје и истата да биде под контрола на „трета страна“.

– Не може да стане збор за какво било повлекување од нуклеарната централа Запорожје. Таа останува под руска контрола и нема да биде предадена на ниту една „трета страна“. Електраната се наоѓа на руска територија и е целосно под руска контрола. Ние верувајте дека само ние можеме да обезбедиме физичка и нуклеарна безбедност на електраната Запорожје, истакна Захарова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Го почитуваме планот на Кина за Украина, ќе го разгледаме

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната