Захарова: Не планираме евакуација на руските државјани од Венецуела

Од:

Русија не планира да ги евакуира своите дипломати и граѓани од Венецуела, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Нема планови за евакуација, ниту за руските дипломати и нивните семејства, ниту за државјаните на Русија, вклучувајќи ги и вработените во руските компании и мисии, тоа можам да го потврдам, рече Захарова.

Некои странски медиуми претходно објавија дека Русија се подготвува да ги евакуира своите државјани од Венецуела, поради актуелната политичка криза во земјата.

Захарова, исто така, нагласи дека Русија е подготвена да се приклучи на „посредничките и консултативните напори“ за наоѓање решение за Венецуела.

– Состојбата во Венецуела е исклучително напната. Протестите продолжуваат. Излезот од оваа состојба се гледа во опширен, внатрешен дијалог во Венецуела. Ние сме подготвени да се приклучиме на медијаторскиот и консултативниот механизам прифатен од страните во Венецуела. Ја поздравуваме подготвеноста на претседателот Николас Мадуро да ги прифати таквите меѓународни напори, истакна Захарова.

Би можело да ве интересира

Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Ана Ололовска

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

ВИДЕО: Жената која го обвини Бајден за сексуален напад пребега во Русија

Катерина Павлова-Николовска

Русија: Украина гранатираше пограничен град, оштетени згради, запалени возила…

Ана Ололовска

Медведев: Британија е вечен непријател на Москва

Ана Ололовска

Легија на слободата на Русија: Регрутираме илјадници за да ја нападнеме Москва

Ана Ололовска