Захарова: Москва е подготвена за дијалог за ИНФ

Од:

Москва е подготвена да разговара за Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (ИНФ), откако Вашингтон соопшти дека се повлекува од него, соопштија руски медиуми, повикувајќи се на изјава на портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Меѓутоа, Захарова, исто така, нагласи дека Москва го задржува правото да одговори на одлуката на САД да се повлечат од договорот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска објави дека САД ќе го прекинат применувањето на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.

Шефот на Стејт департментот, исто така, рече дека Вашингтон за шест месеци ќе се повлече од овој историски договор за нуклеарно оружје доколку Русија не престане да го крши.

Москва негираше дека го прекршува договорот, со кој на двете страни им се забранува да поставуваат во Европа ракети со краток и среден дострел.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски