Захарова: Израелските воздушни напади ја дестабилизираат Сирија

Од:

Израелските воздушни напади во Сирија ја дестабилизираат ситуацијата во земјата, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Израелските напади на сириска територија спаѓаат во дестабилизирачки фактори, оцени Захарова.

Според неа, таквите еднострани акции не само што го подриваат суверенитетот на Сирија, туку и загрозуваат животи и безбедноста на цивилите.

Тоа се случи на 6 февруари, кога патнички авион со 172 луѓе речиси дојде на линијата на огнот поради акција на израелските воздухопловни сили, вели Захарова.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел