Најмалку тројца пилоти загинаа, а еден е тешко повреден, при денешниот судир на два јужнокорејски авиона за обука КТ-1.
Авионите се урнаа во оризово поле во Сакон, околу 300 километри јужно од Сеул.
На местото на инцидентот се над 30 пожарникари и припадници на итните служби.
Извор: МИА