Загинаа 12 жени во нелегален рудник за злато во Индонезија

Од:

Во свлечиште на индонезискиот остров Суматра загинаа 12 жени, кои нелегално ископувале злато, соопшти денеска индонезиската полиција.

Двочасовната потрага резултирала со спасување на две жени и со извлекување на 12 безживотни тела.

Според полицискиот извештај, жените барале зрна злато во јама, длабока околу два метра, во малиот, нелегален рудник за злато во Северна Суматра, кога свлечиштето ги затрупало.

Неформалните рударски операции од висок ризик се вообичаени во Индонезија, бидејќи илјадници луѓе се обидуваат на тој начин да обезбедат егзистенција.

Последната голема несреќа во Индонезија, поврзана со ваков тип активности, се случи во февруари 2019 година. Тогаш, импровизирана дрвена конструкција во нелегален рудник во провинцијата Северен Сулавеси, се урна поради движење на земјата и голем број дупки. Во трагедијата животот го изгубија над 40 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски