Заедничкиот став на Берлин и Лондон, јасна порака за Русија

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија дека западните сојузници мора да испратат јасна и конзистентна порака до Русија за последиците од евентуална инвазија на Украина.

Двајцата лидери се согласија и за важноста на дијалогот со Русија, со порака дека ќе се обидат да ги искористат сите дипломатски канали со кои располагаат за да се стави крај на сегашната тензија, се наведува во соопштението од Велика Британија.

Премиерот Џонсон и канцеларот Шолц ја подвлекоа потребата сојузниците да испратат јасна и конзистентна порака до Русија, вклучувајќи ги и последиците од евентуалната руска инвазија на Украина, се вели во соопштението

Тие се согласија да продолжат да работат заедно и со другите меѓународни партнери на сеопфатен пакет санкции.

Британскиот премиер нагласи дека санкциите треба да бидат подготвени веднаш да стапат во сила во случај на натамошен упад на Русија во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“