Заеднички инспекциски тим на првиот брод со жито од Украина

Од:

Екипа инспектори денеска кај Истанбул се качи на првиот брод со жито што под воени околности исплови од украинските пристаништа, со дестинација за Либан.

Согласно договорот постигнат со посредство на ОН чија цел е ублажување на глобалната криза со храна, бродот „Разони“ рано во понеделникот исплови од украинското црноморско пристаниште Одеса, со 26.527 тони пченка за Триполи. Бродот од синоќа е закотвен на влезот на Босфорскиот теснец.

Пловидбата беше овозможена откако Анкара и Обединетите нации посредуваа за договорот за извоз на жито и ѓубрива постигнат меѓу Москва и Киев минатиот месец, што се смета за дипломатски исчекор во конфликтот.

Инспекцијата на Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) сместен во Истанбул се очекува да заврши околу пладне, а не е познато кога бродот ќе продолжи со пловидба до крајната дестинација.

Портпаролот на ОН Стефан Дујарик изјави дека за денеска се планирани повеќе испловувања од Украина, појаснувајќи дека со договорот за извоз е уредена пловидба на околу 27 бродови.

Високопоставен турски функционер вчера изјави дека Анкара очекува од три украински пристаништа на Црното Море да испловува барем еден брод дневно.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот