Задолжително носење на заштитните маски во Израел

Од:

Израелската Влада одлучи да воведе обврзно носење на заштитни маски со цел да се спречи натамошно ширење на новиот коронавирус.

Владата одобри и временски рамки за контрола на движењето на граѓаните за време на празникот Пасха, кој почнува утре, кога еврејските семејства се собираат да го одбележат егзодусот од египетското ропство.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху порача оваа година семејните собирања да бидат помали и ограничени само на оние кои живеат заедно во домот.

Тој уште минатата недела ги повика Израелците да носат заштитни маски на отворено, а со денешната владина одлука оваа мерка ќе биде обврзна.

Исклучоци ќе бидат децата, лицата со психички нарушувања, оние кои се сами во просториите или на работните места.

Владата посочи и дека маските можат да бидат домашна изработка.

Од вечерва до петок наутро е забрането непотребно напуштање на градовите, со што ќе се спречат поголеми собири на семејствата по повод претстојниот празник.

Во Израел се потврдени над 9.000 заразени случаи со коронавирусот и 60 починати лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел