Задолжителна вакцинација во Австрија од февруари, казните од 600 до 3.600 евра

Од:

Предлог-законот за воведување задолжителна вакцинација во Австрија, со широка поддршка, беше усвоен од Комитетот за здравство на австрискиот парламент. За законот гласаа не само пратениците од владејачката Народна партија (ОВП) и Зелените, туку и од Социјалдемократската партија (СПО), како и еден од двајцата пратеници на Неос.

Слободарската партија (ФПО), како што беше најавено претходно, беше против воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот. Австриската влада во неделата го претстави предлог-законот, со кој се предвидува од февруари да се воведе задолжителна вакцинација за сите граѓани над 18 години регистрирани во Австрија.

До средината на март без казнување ќе се применува преодната фаза, а потоа сите што ќе бидат фатени при контролите без валиден сертификат за вакцинација, ќе бидат казнети со парична казна од 600 до 3.600 евра. Од обврската за вакцинирање се ослободени бремените жени, како и лицата кои не можат да се вакцинираат поради медицински причини и оние кои се заразиле со ковид до шест месеци од закрепнувањето.

Откако предлог-законот помина на комисијата за здравство, парламентот ќе одлучува за него во четврток. Просто мнозинство е доволно за да се донесе задолжителна вакцинација.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче