Забрането фотографирање и носење униформи кај контролниот пункт Чарли

Од:

Властите во германскиот главен град Берлин им забранија на уличните глумци да се сликаат во униформи на американски војници со туристи за пари.

Тие обично се движат кај точката каде што се наоѓал „Чарли“ – преминот меѓу источниот и западниот дел од градот за време на Студената војна. 3а тука и важи забраната.

На групата наречена „Фабрика на танцот“, им е одземена дозволата поради тоа што од туристите барале пари за сликање. Уметниците пак, изјавија дека тие прифаќаат само доброволни прилози за фотографиите.

Многумина берлинчани се против овој вид перформанси во американски униформи, како и против предавањето лажни советски воени шапки на Црвената армија, гас-маски и делови од Берлинскиот ѕид.

Одлуката за забрана е донесена воочи одбележувањето на три децении од уривањето на ѕидот. Тој бил изграден за да спречи жители на Источна Германија да пребегнуваат на Запад, а контролниот пункт „Чарли“ бил единствениот официјален премин за туристите и сојузничките војници. Ѕидот го делеше Берлин на источен и западен дел од 1961 до 1989 година.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски