За Швајцарија, војната во Украина е „уништувачка лудост“

Од:

Војната што ја води Русија во Украина е „водена од разорно лудило“, а Швајцарија е „подготвена да ја преземе“ цената за „храбро и неуморна одбрана на слободата и демократијата“, изјави претседателот на Швајцарската конфедерација Игнацио Касис, јави дописникот на МИА.

„Оваа војна е водена од разорно лудило кое ги урива сите принципи и вредности на нашата цивилизација“, рече Игнацио Касис во колумна објавена од дневниот весник Ле Темпс.

„На 24 февруари, лицето на светот се смени, и тоа не на најдобар начин“, продолжува тој. „Мораме храбро и неуморно да ги браниме слободата и демократијата. Ова има цена. Цена што Швајцарија е подготвена да ја преземе“, напиша меѓу другото ретседателот на Швајцарската конфедерација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ