За претседателската функција во Чешка има девет кандидати

Од:

Девет кандидати следниот месец ќе влезат во изборната трка за претседател на Чешка, соопшти чешкото Министерство за внатрешни работи.

Дванаесет кандидати не ги исполнија основните критериуми за учество, меѓу кои и мултимилионерот Карел Јанечек и претприемачот и поранешен спортски водител Карел Дивиш. Кандидатите требаше да докажат дека имаат поддршка од 20 пратеници или 10 сенатори или да приложат потписи на најмалку 50.000 граѓани кои ја поддржуваат нивната кандидатура, јави ДПА.

Анкетите укажуваат на поранешниот генерал и поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, Петар Павел и милијардерот и поранешен чешки премиер Андреј Бабиш како двајца главни фаворити за претседателската функција.

Според анкетите на јавното мислење спроведени од агенцијата „Медиана“ во октомври, Павел би можел да добие 22,5 отсто од гласовите, а Бабиш да биде малку зад него со 22 отсто. Поранешната ректорка на универзитетот Дануше Нерудова ќе се најде на трето место со 15 отсто од гласовите.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи во два дена на 13 и 14 јануари. Актуелниот претседател Милош Земан нема право да се кандидира повторно по два последователни претседателски мандата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски