За полскиот премиер коронавирусот е болест „како и секоја друга“

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 12 јули, бидејќи коронавирусот, според него, е болест „како и секоја друга“.

– Ова е болест за која можеме да кажеме дека е како и секоја друга. Само чекаме вакцина, нагласи Моравјецки.

Актуелниот претседател Анджеј Дуда, партиски колега на Моравјецки од националистичката партија „Право и правда“ во вториот круг од изборите ќе се соочи со актуелниот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Првиот круг од изборите се одржа во неделата. Дуда доби 43,5 проценти од гласовите, а Трзасковски 30,56 проценти.

Би можело да ве интересира

Шпанските региони согласни околу затворањето на ноќните клубови

Францускиот министер за здравство: Показателите во земјата се лоши, исходот на епидемијата е во наши раце

А1он

Русија: Не сме ѝ понудиле на Америка соработка околу вакцината за Ковид-19

А1он

Црна Гора ги отвора границите за македонските државјани

А1он

Македонските патници од утре во Србија само со негативен резултат од Ковид-19 тест

А1он

Во Перу речиси 10.000 нови случаи на Ковид-19 во еден ден

А1он