За една година во Австрија утврдени 137 мутации на коронавирусот

Од:

Од 3 април минатата година до 20 април годинава, во Австрија се идентификувани најмалку 137 различни варијанти на коронавирусот, соопшти Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС).

Најчестата мутација, сепак, била британската.

Од сите секвенцирани варијанти, британската мутација (Б. 1.1.7) е идентификуван во 28,1 процент од случаите.

Во 9,1 процент од случаите, идентификувана е мутацијата Б. 1.160, вид кој е распространет низ цела Европа, но и во Австралија.

Патем, овој вид е доминантен во австриската провинција Бургенланд, а покрај британскиот, идентификуван е и во сите девет покраини.

Во 6,2 проценти од случаите е утврдена јужноафриканската мутација Б. 1.351, која е доминантна пред сè во покраината Тирол.

Покрај Тирол, јужноафриканскиот вид е идентификуван уште само во Виена, Горна Австрија и Корушка.

Според АГЕС, бразилската мутација П. 1 е потврдена и во Австрија, но само во пет случаи.

Би можело да ве интересира

Австрија следната недела најверојатно ќе ја нарача руската вакцина

Австрија го одложи отворањето на рестораните, најавени нови ограничувања

Катерина Павлова-Николовска

Вакцината на АстраЗенека предизвикува најмногу несакани дејства, тврдат австриските здравствени власти

Австрија ги заострува граничните контроли кон сите соседи

Од 10 февруари заострен режим за влез во Австрија

Немири на протестот во Виена против ограничувачките мерки, приведени 23 демонстранти