За два месеци во париски департман исчезнале 500 мачки

Од:

За два месеци во департманот Есон во парискиот регион под засега неразјаснети околности исчезнале околу 500 мачки, објави во денешното издание весникот „Паризиен“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, нерзајаснетото исчезнување на домашните миленичиња ги загрижува нивните сопственици.

Некои од нив се организирале преку социјалната мрежа Фејсбук, каде создале група „Исчезнати мачки 91“, кон која набрзо се прикличиле многу други лица, при што биле пријавени 500 исчезнувања на мачки.

Тие предвидуваат да поднесат пријава пред властите за да се дознае каде исчезнале нивните мачки. Засега тие не сакаат да шпекулираат за причините за исчезнувањето на мачките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм