За Борис Џонсон вакцинацијата против коронавирус е бесценет божиќен подарок

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против коронавирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски.

„После две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа“, вели Џонсон во пораката, од која извадоци беа објавени синоќа, а ќе биде емитувана подоцна денеска.

„За милиони семејства низ целата земја, се надевам и верувам дека овој Божик е и ќе биде значително подобар од минатиот“, рече тој.

„Ако ви треба поголема мисирка оваа година, ако имате повеќе зелка за сечење и повеќе садови за миење, тоа е подобро бидејќи овие ритуали се многу важни. А, ако оваа година купот стуткана хартија е повисок тоа е точно зашто си подаривме невидлив и бесценет подарок – вакцинација“, рече премиерот, осврнувајќи се на тоа дека Британците ќе слават во поширок семеен круг благодарение на напредокот на кампањата за вакцинација. Но, бидејќи многу Британци се заразени и ќе мора да ја следат самоизолацијата, ова де факто значи дека многу луѓе се уште ќе го поминат Божиќ изолирани од своите најблиски.

Во својот божиќен говор, Џонсон додаде дека ако теоретски нема доволно време за купување подароци, секогаш има „нешто неверојатно што можете да му го дадете на вашето семејство и на целата земја, а тоа е да се вакцинирате, било да е тоа со првата, втора или бустер доза“.

Тој им се заблагодари на оние кои веќе биле вакцинирани и потсети дека „вакцинацијата не е потребна само на нас самите, туку и на нашите пријатели, нашето семејство и сите што ќе ги сретнеме“. Џонсон се повика и на учењето на Исус Христос дека луѓето треба да го сакаат ближниот како што се сакаат себеси.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски