За 10 заложници пропадна договорот помеѓу Хамас и Израел

Од:

Примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас пропадна откако Хамас наводно одбил да ослободи 10 жени заложници. Наместо тоа, Хамас се обидел да ги ослободи киднапираните од „други категории“, пишува Тајмс оф Израел.

Така, Хамас, наводно, ги прекрши условите од договорот за прекин на огнот, според кој групата прво требаше да ги ослободи сите жени и деца што ги држи во Газа, во замена Израел да се согласи на четиридневно примирје.

Израелските власти одговорија дека знаат дека Хамас сè уште држи околу 17 жени и деца и дека нема да разговараат за други категории заложници додека не бидат ослободени 10-те барани заложници.

Шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, го предупреди Хамас дека израелската армија ќе продолжи со нападите доколку не биде ослободена групата составена од жени и деца.

Висок функционер на Хамас, Осама Хамдан, изјави за Ал Арабија дека Израел е одговорен за пропаѓањето на примирјето, тврдејќи дека Израел се обидува да вклучи жени војници на списокот на заложници што сака да ги ослободи и дека ги отфрлил сите други предлози на Хамас.

Би можело да ве интересира

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа