WSJ: Русија и Иран планираат да изградат фабрика за производство на дронови

Од:

Москва и Техеран се договорија да изградат фабрика во Русија која би можела да произведе најмалку 6.000 беспилотни летала дизајнирани од Иран, пишува Wall Street Journal.

Во написот се истакнува дека двете земји се надеваат дека новите беспилотни летала ќе бидат побрзи и ќе претставуваат дополнителен предизвик за воздушната одбрана на Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков подоцна изјави дека Русија има „голем број свои програми за создавање беспилотни летала за различни намени“.

„Тие програми се спроведуваат, а претседателот (Путин) неодамна усвои листа на насоки за развој на беспилотни летала“, додаде тој.

Иранската влада претходно призна дека испратила ограничен број беспилотни летала во Русија, иако негираше дека испратила такви од почетокот на инвазијата.

Би можело да ве интересира

МААЕ: Во близина на Запорожје има се повеќе конфликти, се зголемува ризикот од нуклеарна несреќа

Ана Ололовска

Европски шампион загина во Украина: Од боксерскиот ринг отиде во првата линија, загина по тешки борби!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Русија: Во Украина првпат срушивме американска паметна бомба

Ана Ололовска

Македонија не може да биде неутрална кога Русија го загрозува светскиот мир, вели Османи

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Украина ги доби британските тенкови „Челинџер“

Катерина Павлова-Николовска

Русите наводно го смениле командантот кој беше тешко поразен во голема тенковска битка