ВВФ: Не се решава горливиот проблем со климатските промени

Од:

Светскиот фонд за природа (ВВФ) го поддржува усвојувањето на правилникот за примена на Парискиот договор на конференција на ОН за климата, но истовремено изразува загриженост поради недостаток на амбициите на поединечни држави да го решаваат горливиот проблем со климатските промени.

– Светските лидери дојдоа во Катовице со задача да одговорат на последните научни истражувања, кои покажуваат дека имаме само 12 години емисијата на гасови со ефект на стаклена градина да ја намалиме за 50 отсто и така да го спречиме катастрофалното глобално затоплување. Значаен напредок е остварен, но во Полска се покажа дека многу држави и натаму не ја разбираат таа климатска криза, изјави Мануел Пулгар-Видал, директорот за програмата за клима и енергија во ВВФ.

За среќа, додаде, Парискиот договор е имун на геополитичките бури и сега ни е потребна поголема посветеност на државите пред 2020 година, бидејќи иднината на сите нас е во прашање.

Најновиот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени укажа на потребата државите да ја интензивираат борбата против климатските промени веќе до 2020 година, со цел глобалното затоплување да се задржи под два степени Целзиусови, како што е договорено со Парискиот договор.

Големите очекувања сега се насочени кон Самитот на генералниот секретар на Обединетите нации, кој ќе се одржи на 23 септември 2019 година.

– Лидерите сега имаат јасна задача, а тоа е на оваа конференција во септември да дојдат со поголема посветеност и унапредени цели, кои ќе бидат исполнети до 2020 година. Помалку од тоа би значело политички неуспех, додаде Пулгар-Видал.

ЦОП 24 резултираше со правилник за подобра имплементација на Парискиот договор, но бројни недостатоци сè уште постојат, а понатамошни дискусии за овој документ се неизбежни. Беше усвоен заеднички сет на правила кои ја регулираат транспарентноста и следењето на напредокот на земјата, обезбедувајќи одредена флексибилност за земјите во развој.

Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени резултираше со правилник за подобра примена на Парискиот договор, но многуте недостатоци и натаму постојат, и неминовни се натамошни расправи за овој документ. Заедничкиот собир на правила, кои ги регулираат транспарентноста и следење на напредокот на земјите е усвоен, обезбедувајќи одредена флeксибилност за земjите во развој.

– За да ги забрзаме климатските промени потребно е драстично да се намалат емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина и што побргу да се прилагодат, бидејќи сите климатски модели покажуваат дека во регионот на Југоисточна Европа ќе има многу повисоки екстремни временски околности, кои ќе имаат сериозни последици по природа и луѓето. Ги поддржуваме целите на „Коалицијата со високи амбиции“, која ја сочинуваат групата на земји што се здружија во Полска, за побргу и амбициозно да ги реализираат своите национални климатски планови, изјави Душка Димовиќ, директорка на програмата за климатски промени во ВВФ Адриа.

Конференцијата, сепак, не даде прецизен одговор на прашањето како развиените земји да обезбедат финансирање на земјите во развој во износ од дури 100 милијарди долари до 2020 година за примена на Парискиот договор, како и финансирање по 2025 година.

– Наредната конференција за климата ќе се одржи во ноември 2019 година во Чиле.
ВВФ е една од најголемите, ширум светот признати, независни организации, која се занимава со природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. Мисијата на ВВФ е да го стопира обезвреднувањето на животната средина и да создаде иднина во која луѓето живеат во согласност со природата преку зачувување на светската биолошка разновидност, одржливо искористување на природните ресурси и намалување на загадувањето и претераното трошење, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На Европа и се заканува нова голема криза: Доаѓа екстремно сушно лето, цели региони страдаат за вода

Катерина Ѓуровски

Мнозинството студенти и пензионери подложни на дезинформации – не ги препознваат лажните вести на интернет

Петар Клинчарски