Вториот бран на коронавирусот донесе поголема смртност во Австрија

Од:

Вториот бран на коронавирусот ја зголеми смртноста низ цела Австрија, откако само во периодот од 9 до 15 ноември починале 2.286 лица, покажуваат податоците на Заводот за статистика на Австрија.

Тоа е трета највисока смртност од 2000 година.

Европскиот мониторинг на смртност соопшти дека Австрија има натпросечна стапка на смртност за прв пат од почетокот на пандемијата.

Во пролет бројот на смртни случаи беше само малку повисок од просекот.

Поголема смртност отколку во изминатата недела е забележана само во првите две календарски недели од 2017 година. Во тоа време, силен бран на грип довел до значително зголемување на смртноста на 2.239, односно и 2.340 смртни случаи.

Сепак, Австрија не е далеку од овие рекордни вредности, бидејќи бројот на смртни случаи, и покрај карантинот поради коронавирусот е на многу високо ниво.

Од 2.286 смртни случаи меѓу 9 и 15 ноември, според Агенцијата за храна и безбедност (АГЕС), 417 биле заразени со коронавирусот.

Една недела подоцна, бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 469, што може да доведе до нов рекорд на жртви, но статистиката за 47-та календарска недела ќе биде објавена кон крајот на следната недела.

Јасно е дека зголемувањето на смртните случаи во вториот бран е надвор од нормалниот опсег, како што покажува статистиката на градот Виена.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче