Втора година по ред над Тихиот океан се формира феноменот Ла Ниња

Од:

Австралиското Биро за метеорлогија денеска соопшти дека втора година по ред над Тихиот океан се формира метеоролошкиот феномен Ла Ниња, што може да донесе натпросечни врнежи од дожд во централните, северните и источните делови од земјата.

Британските медиуми пренесуваат дека феноменот Ла Ниња најчесто се поврзува со зголемени количества врнежи, со повеќе тропски циклони и пониски температури од просечните во екваторијалниот дел на Тихиот Океан.

Ваквите временски услови би можеле да ги зголемат приносите на пченица во Австралија. Прогнозата за приносот на пченица за оваа сезона во Австралија во септември беше зголемена за 17 отсто, на речиси рекордно ниво, а во прогнозата се наведува дека временските услови ќе бидат поволни.

Зголемените врнежи на крајот од годината значат и дека може да се очекуваат помалку сериозни сезонски пожари.

-Временските услови под влијание на Ла Ниња вообичаено траат околу една година, но климатските модели сугерираат дека годинашниот модел на јужната хемисфера ќе биде пократок и ќе трае до крајот на летото или почетокот на есента 2022 година, изјави Ендрју Воткинс, шеф за оперативната климатска служба во австралиското Биро за метеорологија.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј