Втор ден од самитот на ЕУ – ќе се разговара за пандемијата и за климата

Од:

Лидерите на Европската унија денеска го продолжуваат дводневниот самит во Брисел. По маратонската вечер со барање за санкции против белоруските власти, кои ЕУ ги обвини за присилно спуштање авион на „Рајанер“ и приведување двајца патници, и откако ги осудија незаконските провокативни и нарушувачки активности на Русија, лидерите на ЕУ денеска разговараат за борбата против пандемијата со Ковид-19 и климатските промени.

На дневниот ред ќе бидат прашањата за производство и дистрибуција на вакцини низ целиот свет, како и почеток на имплементација на дигитални ковид-сертификати што треба да ја вратат слободата на движење низ цела ЕУ.

Во Брисел, пред овој самит, тие наведуваа дека во контекст на пандемија, ситуацијата е „подобра од порано“, но со оптимизам тие исто така повикуваат на претпазливост поради појава на нови соеви на вирусот.

На крајот од состанокот, лидерите на ЕУ ќе разговараат за состојбата во Европа во однос на исполнување на поставените амбиции за климатски неутрална ЕУ до 2050 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ жали што ЕУ е против идејата за самит со Путин

Франција и Германија предложиле Путин биде поканет на самит со ЕУ

Втор ден од самитот на ЕУ за седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците со Ковид-19

А1он

Разговор Мас-Логар: Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан е многу важен

А1он