Втор дека карантин во Вухан, болниците претрупани со пациенти

Од:

Поради ширењето на коронавирусот во кинескиот град Вухан, на вториот ден од карантинот, во пресрет на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците и шопинг центрите се празни, а граѓаните со часови чекаат за преглед во болниците.

Во градот со 11 милиони жители затворени се железничките и метро станиците, како и аеродромот, додека патиштата не се целосно затворени. Полицијата ги проверува возилата кои влегуваат и излегуваат од градот.

Продавниците се испразнети, поради обемното снабдување со намирници кои луѓето ги набавуваат во случај на продолжена изолација.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, болниците се претрупани со пациенти, кои доаѓаат со маски на лицето, а медицинските лица се во заштитни одела.

Во пресрет на кинеската Нова година, сообраќајот е прекинат во најмалку 10 градови со популација од 33 милиони луѓе – Вухан, каде што е откриен вирусот и девет соседни градови во кинеската провинција Хубеи.

Од коронавирусот досега починаа 26 луѓе, а заразени се повеќе од 800.

Во училиштата е продолжен зимскиот распуст, а Министерството за образование забрани јавни собири или испити.

Кинеските власти презедоа мерки на претпазливост низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала