Врвот на третиот бран на коронавирус во Франција може да се достигне за 10 дена

Од:

Франција може да го достигне врвот на третиот бран на епидемија на коронавирус за седум до десет дена, изјави денеска министерот за здравство Оливие Веран.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Емануел Макрон од вчера воведе трета национална блокада во Франција и рече дека училиштата ќе бидат затворени за три недели во обид да се ограничи третиот бран на епидемијата што се заканува да ги однесе болниците до своите граници.

– Можеме да го достигнеме врвот на епидемијата за седум до десет дена. Тогаш ќе ни требаат уште две недели да го достигнеме пикот на пациентите во единиците за интензивна нега, што може да се случи кон крајот на април, изјави Веран за радио „Франс ентер“.

Растот на случаи на коронавирус за еден ден во Франција е двојно зголемен од февруари на просек од речиси 40.000. Бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега е повеќе од 5.000 оваа недела, надминувајќи го врвот што беше достигнат за време на шестнеделното второ заклучување, воведено кон крајот на минатата година.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Павлова-Николовска