Врховниот суд на Бразил ја отфрли тужбата на претседателот Болсонаро против врховниот судија Де Мораеш

Од:

Врховниот суд на Бразил денеска ја отфрли тужбата на претседателот Жаир Болсонаро, во која тој го обвини судијата Александар де Мораеш за злоупотреба на овластувањата, што е ескалација на судирот меѓу лидерот на крајната десница и Врховниот суд.

Болсонаро пред два дена поднесе тужба против судијата Де Мораеш, кој ја надгледува истрагата за тоа дали еден од најблиските сојузници на претседателот води социјална мрежа која шири закани и лажни вести против судиите на Врховниот суд.

Болсонаро го обвинува Де Мораеш за забавување на истрагата и оштетување на неговиот имиџ за време на изборната година.

Судијата на Врховниот суд, Диас Тофоли, го отфрли барањето на претседателот, тврдејќи дека опишаните факти „не носат докази, дури и минимални“ за кривичното дело.

Де Мораеш ќе претседава со изборната власт во Бразил за време на претстојните избори, кога Болсонаро, кој се сомнева дали гласањето ќе биде фер, ќе го бара својот втор претседателски мандат.

Болсонаро покажува непријателство кон Врховниот суд уште од отворањето на истрагата за таканаречените лажни вести во 2019 година. Тој е во отворен конфликт со судот од почетокот на пандемијата, кога судиите одлучија градоначалниците и гувернерите да имаат овластување да одредуваат мерки за ограничување на борбата против коронавирусот.

Болсонаро беше жесток противник на карантините и другите ограничувања. Минатата година тој побара од Сенатот да го отповика Де Мораеш и се закани дека ќе игнорира некоја од одлуките на судските власти.

„Или истрагата за лажни вести неоправдано се протега на штета на оние кои се под истрага, бидејќи по повеќе од 36 месеци нема делумен извештај за истрагите. Или, има делумни извештаи и оправдувања за спроведување истраги што се скриени од одбраната“, се наведува во тужбата на Болсонаро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски