Врховниот командант на украинските вооружени сили e ранет во глава

Од:

Врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, навистина е ранет во главата, јавуваат руските медиуми.

Залужни има и шрапнели во телото, а бeше повреден за време на руски ракетен напад на почетокот на мај, изјави неименуван руски функционер, пренесува „Спутник интернешнал“, кој пак се повикува на информации од украинските безбедносни служби.

„Залужни доби прва помош кај Николаев, за да се запре крварењето, а потоа беше префрлен во воената болница во Киев, каде му беше санирана повредата на черепот“, рече соговорник на „Спутник.

Додава и дека состојбата на Залужни дополнително ја усложнувал и откриениот дијабетес тип два.

„Прогнозите се дека ќе живее, но дека нема да може да продолжи да ја работи својата работа“, вели соговорникот.

Би можело да ве интересира

Кремљ гради луксузен бункер наменет за руската елита

Катерина Павлова-Николовска

Руски воен блогер: Ситуацијата во Донецк од час во час станува се поалармантна

Пригожин: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут

ВИДЕО: Дронови паднаа на автопат јужно од Москва

Платеници од Полска се борат и во рускиот Белгород

(ВИДЕО) Украинците споделуваат видео: Војската моли за тишина

Катерина Павлова-Николовска