Вработените во НАТО и во Европската Унија ќе се вакцинираат одделно од граѓаните

Од:

Вработени во меѓународните институции со седиште во Брисел ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 во одделни центри кои нема да им бидат на располагање на останатите граѓани на Белгија.

Одлуката службениците на НАТО, Европската комисија и Европскиот парламент да се вакцинираат одделно од останатите граѓани е донесена во договор со локалните власти во Брисел.

Сите три институции ќе ги вакцинираат своите вработени во посебни простории во своите згради, кои се уште не се приспособени за таа намена.

Се проценува дека на тој начин ќе се вакцинираат околу 31.000 вработени во тие институции, што не се однесува и на членовите на нивните семејства.

Здравствените власти во Брисел соопштија дека вакцинацијата на претставниците на ЕУ е дел од сеопфатната стратегија на регионот и ќе почне во март, што значи дека тие нема да добијат вакцини пред приоритетните категории на луѓе.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски