Возраста на пациентите кои заболуваат од Ковид-19 во САД сега е за 15 години помала од почетокот на пандемијата

Од:

Новозаболените од коронавирус во САД сега се во просек за 15 години помлади од пациентите во раните фази на пандемијата, потврди главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, имајќи ги предвид податоците на пациентите од повеќе сојузни држави како: Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас.

Повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална дистанца, пренесува Би-Би-Си.

Гувернерот на Флорида, Род де Сантис, вчера изјави дека просечната возраст на пациентите на кои им е потребна хоспитализација е 33 години, додека во март претежно беа болни пациенти на возраст помеѓу 50 и 60 години.

Во САД, од вирусот вкупно биле заразени над 3 милиони лица, од кои само денеска се потврдени над 46.727, оздравени се околу 905 илјади, а починале 133 илјади пациенти, денес се регистрирани нови 244 смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски