ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Во напад во воз во Токио повредени 17 лица

Од:

Во напад во воз во Токио, кој беше извршен денеска од маж вооружен со нож, повредени се 17 лица, од кои три потешко.

Мажот прво со нож ранил неколку патници, а потоа предизвикал пожар, поради што патниците скокнале од прозорците, соопшти полицијата.

Напаѓачот, идентификуван како 20-годишен маж, е уапсен на самото место на злосторството. Тој е осомничен за обид за убиство, а мотивот се уште не е познат.

Очевидци и рекле на полицијата дека напаѓачот носел светла облека, зелена кошула, сино одело и виолетово палто и дека изгледал како лик од стрипови или некој што оди на прослава на Ноќта на вештерките.

Откако ги избодел патниците со нож, осомничениот истурил течност слична на масло и предизвикал пожар во кој изгореле дел од седиштата.

Нападот се случил околу 20 часот по локално време, во моментот на затворање на гласачките места на парламентарните избори во Јапонија.

Денешниот инцидент е втор напад со нож во воз во Токио во последните два месеци.

Во август, ден пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио, 36-годишен маж избоде десет патници во воз. Подоцна и рекол на полицијата дека сакал да нападне жени кои изгледале среќни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија