ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Руските медиуми објавија фотографии од телото на напаѓачот во Крим

Од:

Руските медиуми објавија вознемирувачки фотографии од телото на Владислав Росљаков (18) кој денеска уби 19 лица, повеќето деца и рани неколку десетици во политехничката школа на Крим.

По убиствата тој изврши самоубиство, а неговото тело беше пронајдено во библиотеката. На фотографиите кои ги објавија дел од руските медиуми се гледа како тинејџерот во бела маица, црна фармерки и војнички чизми лежи крвав покрај полиците со книги и со пушка во рацете.

Покрај него е пронајдена и торба полна со експлозивни направи и муниција.

Сведоците на настанот раскажуваат дека го виделе момчето како прво го убива портирот, а потоа се чула експлозија и ново пукање.

„Децата паѓаа како покосени“, раскажа еден очевидец за РТ.

Дел од медиумите објавија видео од момче кое што вика „зае*ан сум во главата, сите ги убив“ за кое што се тврди дека е Владислав по нападот. Меѓутоа автентичноста на видеото не е потврдена, со оглед на тоа што момчето изгледа поинаку од фотографиите.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

Првично беше јавено дека се работи за терористички напад, но откако беше идентификуван напаѓачот, објавено е дека се работи за криминален акт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он