ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Србин поради љубомора го нападнал пријателот и му ја расекол главата во Шпанија

Од:

Туристите во шпанското одморалиште Коста дел Сол биле шокирани кога виделе маж кој се заканува друг маж со нож на балконот на една од зградите во близина на пристаништето додека по градите на нападнатиот маж течела крв. И напаѓачот и жртвата се со српско потекло.

Поточно, сето тоа се случило во средата попладне кога туристите гледале како еден маж држи друг на балконот, заканувајќи му се со голем нож. Жртвата била во долна облека, со превез на очите, а крв течела по градите.

Со брза акција на локалната полиција беше избегната голема несреќа и напаѓачот беше уапсен.

Напаѓачот, неговата сопруга и жртвата заедно го изнајмиле станот. Додека се одвиваше драмата на балконот, жената успеа да избега од избезумениот напаѓач.

Во соработка со полицијата жената влезе назад во станот преку прозорецот и ја отвори вратата. Полицијата потоа влезе внатре и го совлада напаѓачот, кој не се спротивстави. Напаѓачот потоа го фрли ножот на терасата

Жртвата има исеченица на главата што е санирана со дури 11 конци.

Истрагата е во тек, а според првичните информации, љубомора е причина за нападот.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он